Пронајди пронајди

почеток

Организација и сектори во РЗЗЗ - Скопје

СЕКТОР ЗА СОЦИЈАЛНА МЕДИЦИНА

Својата активност ја темели врз спроведувањето на основните постулати на превентивната политика од областа на социјално-медицинската дејност, здравствената статистика и информатика, здравствено воспитната дејност и економиката во здравството.

Дејноста на секторот е остварување на програмски, научно-истражувачки и воспитни активности. Врз основа на Законот за здравствена заштита, програмите за статистички истражувања од интерес за Републиката, Законот за евиденциите од областа на здравството и други прописи, социјално-медицинската дејност ја следи здравствената состојба на населението, системот и организацијата на здравствената заштита, планира, програмира, прибира, обработува, анализира и евалуира податоци од здравствена статистика, ги изготвува, следи и анализира здравствените индикатори, учествува во изготвување и спроведување на посебни програми од здравствената дејност и предлага мерки за решавање на здравствените потреби на населението, утврдува приоритети за задоволување на потребите и подобрување на здравствената состојба на населението.

Во целина, од изготвените материјали се добива реална слика на здравствената состојба на населението и работата на здравствената служба во Републиката и се укажува на одредени здравствени проблеми и недостатоци во функционирањето на здравствената служба.

При изработката на стручните материјали посебно треба да се истакне сеопфатниот аналитички пристап во отсликувањето на здравствената состојба и здравствената заштита на населението каде податоците се прикажани во голем број табели, графикони и картограми што овозможува поголема прегледност на состојбите. Секторот активно учествува на домашни и меѓународни стручни манифестации.

Секторот за социјална медицина функционира преку четири одделенија:

врв на страната


ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈА, ПЛАНИРАЊЕ И РАЗВОЈ НА ЗДРАВСТВЕНАТА ДЕЈНОСТ

  • изработува студии и проекти за спроведување и подготвува планови и проекти за реализација на здравствената политика и за развој на здравствената заштита на територијата на Македонија, во целост, по дејности и по категории на население;

  • предлага мерки за решавање на одреден здравствен проблем од областа на организацијата, планирањето и развојот на здравствената дејност;

  • учествува во утврдување на потреби на населението за одредени видови на здравствена заштита и организација и развој на одделни здравствени служби;

  • учествува во утврдување на основи и изготвување план на развивање на мрежата на здравствени организации на територија на Републиката;

  • учествува во изготвувањето на современи методологии за планирање и спроведување на научно-истражувачката дејност во областа на социјалната медицина и јавното здравство;

  • учествува во образовна дејност, едукација и стручно усовршување на здравствени работници од различни профили од областа на социјална медицина и организација.

врв на страната

ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЗДРАВСТВЕНА СТАТИСТИКА И ИНФОРМАТИКА ВО ЗДРАВСТВОТО

Здравјето на жените во Република Македонија

Статистика за рак на дојка

Светски ден на здравјето

Заштита на лични податоци

Светски ден на туберколозата 2007

Преваленца на туберкулоза во Р. Македонија во период 1997-2001 година

Инциденца на туберкулоза во Р. Македонија во период 1997-2001 година

Инциденца на туберкулоза во Р. Македонија во период 1999-2003 година

Состојба со болести на циркулаторниот систем во Р. Македонија

Билтен за малигни заболувања во Р. Македонија за 2003 година

Глобално изстражување за употребата на тутунот од младите во Република Македонија - 2002

Податоци за рак за 2005

Податоци за рак за 2004

Состојба со ортопедските деформитети кај учениците и студентите во Република Македонија

Светска статистика за пушењето според СЗО

Ризик фактори за појава на хронични болести - алкохолизам

Информација за законските обврски за доставување на статистички податоци

Светски ден на крводарителството

  • спроведува здравствено-статистичка дејност преку прибирање, контрола и компјутерска обработка на здравствено-статистички податоци од индивидуални и збирни здравствено статистички извештаи;

  • преку софтверска обработка на податоци ги води и публицира националните регистри " Регистар за рак во Република Македонија", "Регистар за шеќерна болест во Република Македонија", изготвува публикации за лекуваните во примарната здравствена заштита "Амбулантно поликлинички морбидитет во Македонија" и за стационарно лекуваните лица во болничките одделенија "Болнички морбидитет и морталитет во Република Македонија";

  • прецизно ги евидентира кадрите во здравството преку добро формирана компјутерска база на податоци;

  • соработува со државни и меѓународни институции и организации (како СЗО, ЕУРОСТАД, ЕУ и др.) за следење и применување на новините во својата дејност;

  • ја следи статистичката обработка на извештаите за работата на здравствените организации,;

  • учествува во изготвување на програмите за статистички истражувања од областа во здравството;

  • учествува во изготвување на стручно-методолошки упатства за спроведување на статистичките истражувања од областа на здравството;

  • изготвуваат национални здравствени индикатори

  • учествува во изготвување на обрасци за медицинската документација, евиденции и извештаи;

  • врши стручен надзор од областа на здравствената статистика во здравствените организации;

  • ја координира стручната работа од областа на здравствената статистика во заводите за здравствена заштита и подрачните служби на заводите;

  • учествува во изработка на проекти за здравствениот информациски систем во Републиката;

  • учествува во изработка на оперативни планови за воведување на апликативни програми;

  • врши анализа и евалуација на статистичките податоци;

  • учествува во образовната дејност и спроведува стручно усовршување на здравствените работници и соработници од различни профили за време на приправничкиот и специјалистичкиот стаж и други видови на стручно усовршување, од областа на здравствената статистика;

  • изведува едукација и стручно усовршување на медицинските кадри од различни профили од областа на здравствената статистика, информатика во здравството и електронска обработка на податоци преку курсеви и семинари, како и теренски увиди во здравствените организации со стручно-методолошка помош и инструктажа.

врв на страната

ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ВОСПИТАНИЕ, ИСТОРИЈА НА МЕДИЦИНАТА И ПУБЛИЦИСТИКА

Сексуално и репродуктивно здравје

Брошура "Пораки за здравје"

Брошура „Срцев удар“

Истражување за задоволство на пациенти од квалитет на здравствени услуги во болнички здравствени установи, Р. Македонија, 2006

  • спроведува здравствено-воспитна дејност преку изработка на глобални и специфични републички програми за здравствено воспитание;

  • учествува во спроведување на конкретни активности на терен во врска со спроведување на одделни програми;

  • ја следи реализацијата и евалуацијата на резултатите;

  • планира и координира акции за промоција на здравјето;

  • соработува со СЗО заради остварување на активности во врска со промоцијата на здравјето;

  • дава стручно-методолошка помош таму каде што е потребна;

  • учествува во образовната дејност и едукацијата на здравствените кадри од сите профили, од областа на здравственото воспитание;

  • непосредно соработува со средствата за јавно информирање, хуманитарните организации, здруженија и асоцијации од земјата и од странство;

  • спроведува публицистичка дејност преку изработка на публикации и здраствено-воспитни средства (брошури, плакати, летоци и др.);

  • врши истражување од областа на историја на медицината.

врв на страната


ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЕКОНОМИКА ВО ЗДРАВСТВОТО

  • го следи и проучува системот на финансирање на здравствена дејност и предлага мерки за негово унапредување;

  • врши анализа на материјално-финансиската состојба на здравството (Фондот за здравствено осигурување и здравствените организации);

  • врши анализа на расходите за здравствена заштита во јавниот и приватниот сектор, по дејности;

  • го следи и анализира чинењето на одделните здравствени услуги дефинирани со основниот пакет на услуги;

  • ги следи и анализира здравствените индикатори за потрошувачката во здравството;

  • врши евалуација на функционалната активност и искористеноста на здравствената служба;

  • избира, припрема и анализира демографски и други показатели за оценка на потребите и барањето на населението за одделни видови на здравствена заштита (по дефинирани групи на население);

  • учествува во унапредувањето на методологијата и изборот на податоците за економска анализа на здравствената заштита на населението;

  • учествува во подготовката и реализацијата на стручни и научни проекти од областа на организацијата, економиката и информатиката во здравството;

  • обезбедува стручно-методолошка помош на здравствените организации, од областа на социјалната медицина и економиката во здравството;

  • изведува едукација и стручно усовршување на медицинските и други кадри од различни профили, од областа на економиката во здравството.

врв на страната


ОДДЕЛЕНИЕ ЗА КОНТРОЛА И ПРЕВЕНЦИЈА НА ПОВРЕДИ И НАСИЛСТВО

Информација за сообраќајни повреди 2007

Активности - Недела за безбедност на патиштата

Младинска декларација за безбедност на патиштата

Youth declaration for road safety

Национална кампања за превенција на насилство

Светски Ден на здравјето - Безбедноста на патиштата не е случајна

Кампања на ОН - да го спречиме насилството врз децата

Насилство од интимниот партнер

Сексуално насилство

Светски извештај за насилство и здравје

Општа декларација за човекови права

Жената Ромка и нејзините специфични проблеми

Извештај за насилство и здравје во Македонија и водич за превенција

  • ја следи и проучува состојбата со повредите и насилството на локално, национално, регионално и глобално ниво;

  • ги следи и проучува ризик факторите за настанување на повреди и насилство;

  • води регистри за повреди согласно постоечката легислатива и ЕУ стандардите;

  • учествува во дизајнирање на национален информативен систем за следење на повредите согласно препораките на СЗО;

  • изготвува извештаи, анализи и експертски мислења за безбедноста, односно состојбата со повреди и насилство;

  • изготвува национални програми за контрола и превеницја на повредите и насилството;

  • дизајнира и имплементира проекти од областа на контрола и превенција на повредите и насилството;

  • учествува во изготвување на национална стратегија и акционен план за контрола и превенција на повредите и насилството;

  • предлага и учествува во изготвувањето на законски прописи, правилници и други акти за контрола и превенција на повреди и насилство, во согласност со Европската Унија;

  • предага соодветни мерки за организација на здравствената служба за контрола и превенција на повредите: пред-болничко згрижување, транспорт на повредениот, болничко згрижуввње и третман и рехабилитација на повредениот;

  • врши анализа на социјално-медицинските аспекти на повредите и насилството, како и економски анализи на одредени интервентни програми за контрола и превенција на повредите и насилството;

  • врши здравствено воспитни активности и други активности за промоција на безбедноста во заедницата;

  • подготвува едукативни и промотивни материјали за безбедноста на сите структури, во сите средини од сите повреди, за широката јавност и мас медиумите;

  • врши додипломска и постдипломска едукативна дејност од областа на акцидентологијата и промоцијата на безбедноста;

  • соработува со релевантни институции во земјата и странство за промоција и истражување за контрола и превенција на повреди и насилство;

  • соработува со Светската здравствена организација и Одделот за превенција на повреди и насилство.

врв на страната


[ Почеток ] [ Дејности ] [ Регионални заводи] [ Организација и сектори] [ Тендери ] [ Контакт ] [ Линкови ]

© РЗЗЗ Скопје 2003