Организација и сектори во РЗЗЗ - Скопје
СЕКТОР ЗА ИСПИТУВАЊЕ И КОНТРОЛА НА ЛЕКОВИ
Контролата и следењето на квалитетот на
медицинските производи се од национален
интерес да населението добие потполно исправен
лек и сигурна терапија. |
|
Изведувањето на овие задачи се врши согласно Законот
за лекови, помошни лековити средства и медицински помагала
и тоа континуирано, преку лабораториски испитувања (хемиски,
микробиолошки и биолошки) според барањата на производителите,
важечките фармакопеи, утврдени стандарди на Светската
здравствена организација и Европската
унија. Секторот активно учествува на домашни и меѓународни
стручни манифестации.
Секторот го чинат повеќе сегменти и тоа:
-
административен дел каде се врши
прием на препарати и издавање на резултати
-
одделение за регистрација каде
се врши прием на документација потребна за да се
регистрира еден препарат, оценка на истата и изготвување
на резултат
-
физико-хемиска лабораторија
-
биолошка лабораторија
-
микробиолошка лабораторија
-
биохемиска лабораторија

Медицинските производи се доставуваат преку Бирото
за лекови од: увоз и промет од домашни и странски производители
во постапките за регистрација и прва серија по регистрација,
како и запленетите лекови и хуманитарните пратки.
За целокупната извршена активност континуирано се обавестува
Бирото за лекови при Министерството
за здравство.
Секторот врши испитување и контрола на суровини за козметика,
средства за одржување на лична хигиена, за нега и разубавување
на лицето и телото и средства за одржување на чистотата
во домаќинството согласно Правилникот за условите
во поглед на здравствената исправност на предметите
од општа употреба што можат да се пуштаат во
промет.
До Државниот санитарен и здравствен инспекторат
се доставуваат резултатите за здравствената исправност
на доставените производи и се изготвува годишен извештај.

|