Организација и сектори во РЗЗЗ - Скопје
СЕКТОР ЗА ХИГИЕНА И ЗАШТИТА НА ЧОВЕКОВАТА
ОКОЛИНА
Во склоп на својата дејност, Секторот за
хигиена стручно ја координира и насочува
работата на санитарно-хигиенските служби
во Заводите за здравствена заштита на подрачјето
на Република Македонија. |
|
ДЕЈНОСТ
Секторот претставува статутарно определена организационо-техничка
единица на Републичкиот завод за здравствена заштита.
Стручната активност на овој Сектор претставува основна
карика на националната политика во областа на превентивно-медицинската,
пред се здравствено-еколошката дејност во Републиката,
а стручните лица од Секторот се истовремено и непосредни
креатори на таа политика, како и на управувањето со
проблемите од областа на заштитата на човековата животна
и работна околина.
Стручниот супстрат на дејноста на Секторот се црпи
од неколку сегменти на целокупната активност на Заводот.
Светски ден на дијабетот 2007
Светски ден на храната 2007
Светски ден на шекерната болест
Светски ден на храната
Пет чекори за побезбедна храна
Денот на срцето – 26.09.2004
Висок холестерол
Центар
за исхрана со диететско советувалиште
Рамнотежа за добро здравје
Исхрана
и превенција на хроничните заболувања
Мастите
во исхраната
Апликативен
софтвер за проценка на нутритивниот статус кај деца
и возрасни и детекција на прекурсори на здравствен
ризик
Адитивите
во прехранбени производи
Што
се освежителни безалкохолни пијалоци
Определување на хидросолубилни витамини во диететски препарати
Информација
за Топлинскиот индекс
УВ
(ултра виолетов)-индекс
УВ зрачење и информации за УВ индекс
Значење
на водата за пиење
Вода, санитација и хигиена, врска со здравјето
Информација за Топлотен Индекс и Број на повици од Итна Медицинска Помош (ИМП) [1 - 31 август 2004].
Акционен план за храна и исхрана на Република Македонија
Влијание на загадениот амбиентен воздух врз здравјето на населението во урбана средина
Преглед на анализирани минерални води во периодот од јануари до јули месец 2005 година
Веб информација за прогресот на CEHAP во Македонија
Ранливост на хуманата популација во однос на временските варијабли
Известување за УВ индексот во Македонија за периодот од 23.08-28.08.2007

ПРОГРАМСКА АКТИВНОСТ
Таа
претставува дел од Програмата за превентивна здравствена
заштита во Македонија (санитарно-хигиенски дел), во
кој Секторот ги реализира стручните активности во областа
на радиобиоекологијата и радиобиодозиметријата; следење
на санитарно-хигиенската состојба во снабдувањето со
вода за пиење, хигиенскиот квалитет на површинските
и отпадните води, како и нивото на санитација на животната
средина; ја утврдува и реализира Програмата за евалуација
на хигиенскиот квалитет на воздухот и неговите здравствени
ефекти; програмско анализирање на здравствената исправност
на прехранбените производи и храната со посебни нутритивни
својства, предметите за општа употреба, како и програмско
следење на алиментарниот дневен внос на хемиски контаминенти.Во
приоритетните задачи од Програмата се следење на исхраната
и нутритивниот статус на населението, особено кај некои
вулнерабилни популациони групи во Републиката, како
и испитувањата на ризик факторите поврзани со исхраната.
Лабораторискиот сегмент на овие активности комплетно
се реализира во лабораториите на Секторот.

ПОСТОЈАНА АКТИВНОСТ
Секојдневните рутински активности на Секторот се базираат
на примената на националните и меѓународно-референтните
прописи и стандарди во токсиколошко-лабораториските
анализи на различните медиуми на животната средина со
годишен обем од над 20.000 примероци; изработка на стручни
мислења и експертизи по барање на владини и невладини
институции и органи.

НАСТАВНО-НАУЧНА АКТИВНОСТ
Како дел од наставната база, Секторот учествува во
реализацијата на додипломската и постдипломската настава
на Медицинскиот, Стоматолошкиот, Фармацевтскиот факултет
и Вишата школа за радиолошки техничари; во теориската
и практичната настава за специјализантите од превентивно-медицинските
гранки; стажантските турнуси на дипломираните доктори
и останатите здравствени работници и соработници, како
и во процесот на тренинг и едукација на специјализираниот
кадар од токсиколошко-аналитичката струка од областа
на Здравствената екологија. Секторот секоја година учествува,
како носител или соработник, во реализацијата на научно-истражувачките
проекти од областа на Здравствената екологија, рецензирани
и финансирани од Министерството за наука, меѓународни
општествени или стручни асоцијации или невладини организации
(СЗО, УНИЦЕФ, ФАО). Учество на домашни и меѓународни
стручни манифестации.

ОРГАНИЗАЦИЈА НА СЕКТОРОТ И КАДАР
Функционирањето на Секторот се одвива преку следните
организациони единици:
Во реализацијата на активностите на Секторот учестуваат:
лекари специјалисти по хигиена и наставници на медицинскиот
факултет, специјалисти по санитарна хемија и токсикологија,
специјалисти по нуклеарна физика, магистри, високо едуциран
стручен кадар и кадар на специјализација и лабораториски
техничари.

ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ХИГИЕНА НА ВОДИ И КОМУНАЛНА ХИГИЕНА
Дејност
Стручната
активност на ова Одделение претставува основна алка
на националната политика во областа на здравствената
екологија и медиумите на животната средина: вода, воздух,
земјиште, бучава.
Во склоп на својата дејност, Одделението за комунална
хигиена при Секторот за хигиена, стручно ја координира
и насочува работата на санитарно-хигиенските служби
во Заводите за здравствена заштита на подрачјето на
Македонија од областа на комуналната хигиена.
Стручниот супстрат на дејноста на Одделението се црпи
од неколку сегменти на целокупната активност на Заводот:
-
проучување на ефектот на
факторите на околината врз здравјето на луѓето;
-
мониторинг и експертна оценка на санитарно-хигиенската
состојба на објекти за јавно водоснабдување и здравствената
исправност на водата за пиење;
-
мониторинг и експертна оценка на аерозагаденоста
во населените места со евалуација на здравствениот
ризик за одредени популациони групи;
-
мониторинг и експертна процена на состојбата на
загаденост на површинските води за различна намена;
-
здравствена процена на квалитетот на почвата во
одредени региони од интерес за производство на здрава
храна;
-
експертна процена на загрозеноста на човековата
околина од крајното депонирање и третман на комунални
и специфични отпадни материи (медицински
инфективен отпад и др.);
-
експертизни елаборати за заштита на животната
средина, за објекти кои со својата локација и технологија
се потенцијални загадувачи на истата;
-
експертизни елаборати за здравствената исправност
на природните минерални води за пиење и погони-полнилници
на природна минерална вода
-
ревизија на елаборати за заштита на животната
средина во функција на оценка на здравствено-еколошкиот
карактер на локацијата и технологијата, со заклучно
мислење и предлог мерки-од локален и општ карактер;
-
теренски увиди, по потреба земање на соодветни
мостри и давање на експертно мислење за санитарно-хигиенската
состојба на објекти и дејности од комуналната инфраструктура;
-
елаборати за санитарно-заштитни зони околу извориштата
кои се користат за јавно водоснабдување со вода
за пиење и полнилници за природна минерална вода
за пиење.
Програмска активност
Таа претставува дел од Програмата за превентивна здравствена
заштита во Македонија (санитарно-хигиенски дел), во
кој Одделението ги реализира стручните активности и
следење на санитарно-хигиенската состојба во снабдувањето
со вода за пиење, хигиенскиот квалитет на површинските
и отпадните води и нивото на санитација на животната
средина; ја утврдува и реализира Програмата за евалуација
на хигиенскиот квалитет на воздухот и неговите здравствени
ефекти; состојбата со медицинскиот отпад во здравствените
институции на Република Македонија. Лабораторискиот
сегмент на овие активности комплетно се реализира во
лабораториите на Секторот и делумно во Секторот за микробиологија
и епидемиологија.
Следење на површинските води од здравствен аспект
Следењето на површинските води од здравствен аспект,
Републичкиот завод за здравствена заштита го врши во
соработка со заводите за здравствена заштита во Република
Македонија и тоа за оние анализи за кои заводите немаат
соодветна апаратура и методологија, а по хигиенски и
епидемиолошки индикации врши посебни увиди и лабораториски
испитувања во соработка и со други институции во Републикава:
Програма за евалуација на хигиенскиот квалитет
на воздухот и неговите здравствени ефекти
Заводот воведе мобилна методологија за следење на хигиенскиот
квалитет на воздухот како во комунална средина така
и на поедини извори на загадување по утврдена индикација:
" Во Велес и контролното подрачје с.Иванковци
се следи состојбата со аерозагадувањето и се анализираат
тешките метали присутни во воздухот, во лабораториите
на Републичкиот завод за здравствена заштита-Скопје;
" Поставени се 4 седиментатори во одбрани репрезентативни
локации и мерни места во Скопје, а содржината на тешки
метали се анализира во лабораториите на Републичкиот
завод за здравствена заштита-Скопје.
Управување со медицинскиот отпад
Републичкиот завод за здравствена заштита-Скопје ги
спроведува методолошките упатства за управување со медицинскиот
инфективен отпад од здравствените установи во Скопје,
при што во соработка со останатите институции инволвирани
во процесот на организирање на крајна диспозиција и
неговото инцинерирање врши перманентен стручен надзор.
Постојана активност
Секојдневните рутински активности на Одделението се
базираат на примената на националните и меѓународно-референтните
прописи и стандарди во стручната оценка на токсиколошко-лабораториските
анализи на различните медиуми на животната средина,
изработка на стручни мислења и експертизи по барање
на владини и невладини институции и органи.
Наставно-научна активност
Како дел од наставната база, Одделението учествува
во реализацијата на додипломската и постдипломската
настава на Медицинскиот, Стоматолошкиот факултет и Вишата
школа за радиолошки техничари; во теориската и практичната
настава за специјализантите од превентивно-медицинските
гранки; стажантските турнуси на дипломираните доктори
и други здравствени работници и соработници и во процесот
на тренинг и едукација на специјализираниот кадар од
здравствената екологија. Одделението секоја година учествува,
како носител или соработник, во реализацијата на научно-истражувачките
проекти од областа на здравствената екологија, рецензирани
и финансирани од меѓународни општествени или стручни
асоцијации или невладини организации. Носители на наставно-научната
активност се два асистента (докторанти) на Медицинскиот
факултет.
Функционирањето на Одделението како организациона
единица и реализацијата на активностите се одвива преку:
Началник-доктор специјалист по хигиена и здравствена
екологија и магистер по хигиена и медицина на труд (докторант),
еден доктор специјалист по хигиена и здравствена екологија
(докторант), доктор на специјализација и магистратура
по хигиена и еден градежен инженер.
Формулари за брза проценка на здравствено еколошкиот ризик по потекло од објекти за јавно снабдување со вода за пиење
СЗО, 2008: Меѓународна година на санитацијата
Светски ден на водите
Светски ден на водите 2007
Декларација за вода и здравје
Како да штедиме вода?

ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ИСПИТУВАЊЕ НА ЗДРАВСТВЕНА ИСПРАВНОСТ НА
ВОДИТЕ
Во ова одделение се следи здравствената исправност на
водата за пиење, согласно Законските прописи ("Сл.лист"
бр.33/87), преку основни и периодични санитарно-хемиски
анализи.
Исто така се следи здравствената исправност на минералните
води (пакувани) како и нови зафати на минерални води
согласно законските прописи ("Сл.лист" бр.58/78).
Понатаму се следи хигиенскиот квалитет на површинските
и отпадни води од здравствено еколошки аспект, преку
санитарно хемиски анализи (хемиско токсиколошки анализи).
Сите овие задачи се остваруваат како рутина, законска
обврска или по индикации.
Информација
за состојбата со водоснабдување во Свети Николе
Информација за актуелната состојба со квалитетот на површинските води на природните езера во Република Македонија пред почетокот на туристичката летна сезона во 2006 година
Информација за актуелната состојба со квалитетот на површинските води на природните езера во Република Македонија пред почетокот на туристичката летна сезона во 2007 година

ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ХИГИЕНА НА ИСХРАНА
Основни содржини на работата на одделението се:
-
следење и проучување на исхраната на населението
во Републиката и давање препораки за унапредување,
-
следење на нутритивниот статус на популациони
групи,
-
следење и проучување на заболувањата и состојбите
поврзани со неправилна исхрана,
-
следење на состојбата на здравствена безбедност
на прехранбените производи и проучување на последиците
врз здравјето од контаминирана храна
-
оценка на здравствено нутритивен ризик.
Програмска активност
Согласно Програмата за превентивна здравствена заштита
во Одделението се реализираат следните задачи:
Следење на состојбата на здравствената безбедност
на прехранбените производи во Македонија
Состојбата на здравствената безбедност на прехранбените
производи се следи врз база на податоците од извршените
испитувања во Републичкиот завод за здравствена заштита
и другите овластени институции - Ветеринарниот институт
и Заводите за здравствена заштита.
Следење на алиментарен дневен внес на хемиски
контаминенти
Здравствен ризик од контаминирана храна се оценува
преку утврдување на алиментарен дневен внос на пестициди
и на тешки метали кај популационата група 15- 19 годишна
возраст со хемиско аналитички методи.
Испитување на некои ризик-фактори поврзани со
исхраната
Кај одредени популациони групи се врши следење на нутритивен
статус со антропометриски мерења и со биохемиски лабораториски
анализи.
Според степенот на ухранетоста се проценува нивото
на здравствениот ризик. Во рамките на биохемиските испитувања
се одредуваат параметри на липиден статус: триглицериди,
вкупен холестерол, ХДЛ холестерол и ЛДЛ холестерол.
Се утврдува корелација мегу нивоите на овие параметри
и очекуваниот здравствен ризик.
Стручниот тим на Одделението ги следи и анализира состојбите
утврдени со програмските задачи од Заводите за здравствена
заштита, а кои се реализираат со следните содржини и
во следниот обем:
Следење на исхрана и нутритивен статус на населението
Се следи организираната исхрана на предучилишните деца,
учениците, студентите и работниците во објекти за колективна
исхрана. Со стандардни диететски методи се одредува
нутритивниот квалитет на вкупно околу 1200 дневни оброци.
Нутритивен статус се испитува кај предучилишни деца,
ученици, студенти и работници. Вкупно годишно се опфатени
5000-6000 испитаници.
Следење на болничката исхрана
Се следи исхраната на болните во стационарните организации
при Медицинските центри и при клиниките на Клиничкиот
центар во Скопје. Следењето опфаќа испитување на нутритивниот
квалитет на општата исхрана, на санитарно-хигиенските
услови во објектите за болничка исхрана со стручни увиди
и со микробиолошки брисеви.
Рутинска активност
-
Се следи нутритивниот квалитет на исхраната на
населението во Македонија преку статистички податоци
за просечна дневна потрошувачка на одделни видови
прехранбени производи кај репрезентативен број на
домаќинства.
-
Се следат состојбите на морбидитетот и морталитетот
на заразните и незаразните заболувања поврзани со
исхрана.
-
Посебно внимание се посветува на следење на состојбата
на јодниот дефицит во Републиката за кој проблем
се соработува со Институтот за патофизиологија за
следење на јодниот статус кај одредени популациони
групи пред се кај училишната популација. Се врши
евалуација на податоците од мониторингот на јодираноста
на прехранбена сол на ниво на увоз, производство,
промет и домаќинствата. Претставник од одделението
учествува во работата на Националниот комитет за
јоден дефицит при Министерството за здравство од
неговото основање.
-
Претставник од одделението повеќе години учествува
во активностите на Националниот комитет за подршка
на доењето.
-
Стручните лица од одделението се вклучени во стручниот
тим кој ги спроведува активностите врзани со контролата
на здравствената безбедност на храната. Годишно
се контролираат околу 12000-14000 разни видови прехранбени
производи кои се доставувани од страна на санитарните
и пазарните инспекциски служби, од организации и
поединци.
-
Во одделението посебно се работи на контролата
на здравствена безбедност на диететските производи.
За секој производ на база на стручна анализа на
документацијата, стручните препораки и извршени
лабораториски анализи се изготвува експертско мислење.
Стручно методолошка активност
Во рамките на стручно методолошките задачи се изготвуваат
законски прописи стручна методологија на работа, нормативи,
стандарди, доктринарни ставови.
Едукативна активност
Стручниот тим учествува во јавно здравствената едукација
на населението од областа на здрава исхрана, квалитетот
и безбедната храна преку медиумите и други форми (собири,
трибини, презентации и др.).
Во Одделението се одвива редовна едукација на дипломирани
лекари и други здравствени работници и соработници а
посебно на специјализантите од превентивно-медицинските
дисциплини по веќе утврдена програма.
Информативна активност
Одделението редовно информира за сите актуелни состојби
и стручни прашања од областа на нутриција и здравствена
безбедност на храната.
Стручниот тим на Одделението го сочинуваат:
Специјалисти по хигиена - 3
Доктор на специјализација по хигиена - 1

ОДДЕЛЕНИЕ ЗА КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТ НА ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ
Во ова одделение се испитува квалитетот на прехранбените
производи согласно соодветните Правилници и прописи.
Производите кои се испитуваат се поделени во неколку
групи и тоа: млеко и млечни производи, месо и производи
од месо, безалкохолни и алкохолни пијалаци, преработки
од овошје и зеленчук, масла за јадење, кондиторски производи,
житарици и мелнички производи, детска храна и диететски
производи и др. При оценка на квалитетот на прехранбените
производи, покрај постоечките прописи кои важат во Македонија,
се консултираат и Цодеџ Алиментариус, како и законските
акти на ЕУ.
Лабораторијата во која се вршат анализите е современо
организирана и опремена со соодветна апаратура и прибор.
Дел од анализите се работат етапно, односно се врши
подготовка и обработка на материјалот кој потоа се испитува
на високо софистицирани инструменти.
Во однос на техничката опременост, лабораторијата располага
со голем број ситни, прецизни апарати и инструменти,
како и високо софистицирана апаратура од типот на течна
хроматографија со повеќе видови на детектори, гасна
хроматографија и др.
При анализите, покрај класичните, вообичаени методологии
се користат и современи техники и методи на работа според
европски и светски стандарди. Во таа насока, редовно
се следат трендовите во оваа проблематика, а се одржуваат
и контакти со странски лаборатории.
Лабораторијата е кадровски екипирана со неколку различни
профили и тоа: специјалисти по санитарна хемија, дипл.хемичари,
дипл. технолози по прехранбена технологија, дипл. фарамцевти,
хемиски техничари. Големо внимание се посветува и на
обуката на персоналот, учество на семинари и конгреси
и др.

ОДДЕЛЕНИЕ ЗА КОНТАМИНЕТИ И ЕКОТОКСИКОЛОГИЈА
Во ова одделение се вршат испитувања на содржината
на резидуите на пестициди и метали во прехранбените
производи и водата за пиење, испитување на содржината
на микотоксини (секунадрани производи на метаболизмот
на мувлите кои можат да се развивијат под одредени услови
на житариците, лешници, бадеми, кикирики и др.). Освен
испитување на содржината на резидуите на пестициди и
метали во прехранбените производи се вршат испитувања
и на содржината на контаминентите на прехранбените производи,
водите за пиење, површинските води, земјиштето и други
видови на медиуми. Во лабораториите на ова одделение
се вршат испитувања и на метали во биолошки материјали.
Аналитиката на храната е сложен процес кој во себе
опфаќа повеќе фази на обработка на испитуваниот материјал
до издавање на конечен резултат. Прв чекор е екстракција
(одделувење) на бараниот параметар, втор чекор е прочистување
на добиениот екстракт, а последен чекор е идентификација
и квантитативно определување на истиот. Во зависност
од хемиската структура на испитуваниот параметар и видот
на прехранбениот производ во кој тој се испитува постојат
мноштво аналитички методи за екстракција, прочистување
и определување на бараните параметри. За извршување
на последниот чекор, а тоа е идентификација и определување
на содржината на бараните параметри, се користат софистицирани
инструменти. Кој и каков инструмент ќе се употреби за
извршување на анализата зависи повторно, од хемиската
структура на испитуваните супстанци.
Во лабораториите на одделението за контаминенти и
екотоксикологија, постојат најсовремените инструментални
техники со кои се определуваат мноштво параметри. Но,
освен со потребните современи инструменти одделението
располага и со современ прибор и опрема за извршување
на подготвителните фази во приготвување на анализата.
Извршувањето на анализите се вршо со светски пропишани
методи. Во извршување на анализите во зависност од степеноте
на сложеноста на процесот учествуваат хетерогена група
на стручњаци и тоа: специјалисти по санитарна и токсиколошка
хемија, дипломирани биолози, технолози, фармацевти,
хемичари, како и лабораториски техничари.

ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ИСПИТУВАЊЕ НА ЗДРАВСТВЕНАТА ИСПРАВНОСТ
НА ПРЕДМЕТИТЕ ЗА ОПШТА УПОТРЕБА
Основната дејност на оваа оделение е испитувањето
на здравствената исправност на предметите за општа употреба.
Оделението работи согласно "Правилникот
за условите во поглед на здравствената исправност на
предметите за општа употреба што можат да се пуштат
во промет" и директивите за оваа проблематика
пропишани од Европската Унија.
Под предмети за општа употреба што во поглед на здравствената
исправност мораат да им соодветствуваат на условите
пропишани со овој правилник се подразбираат:
1. Садови, прибор и амбалажа за животни намирници;
2. Детски играчки ;
3. Средства за одржување на личната хигиена, за нега
и за разубавување на лицето и телото;
4. Средства за одржување на чистотата во домаќинството;
5. Тутунски преработки;
Под поимот садови, прибор и амбалажа за живони намирници
се предметите кои се употребуваат при: приготвувањето,
производството, мерењето, преработката, доработката,
превозот, чувањето и складирањето на животните намирници.
Садовите и приборот се делата на: метални, емајлирани,
цементни, глинени, керамички, порцелански, стаклени,дрвени,
садови и прибор од вештачки маси ( поливинил хлориди,
полиамиди, формалдехиди, еластомери,полиетилени, полипропилени,
полистирени, полиуретани, полиестри,) и др. садови и
прибор.
Амбалажата за животни намирници се дели на: амбалажа
од метал (лименки, туби, фолии, лимови и др.), вештачки
маси, хартија, стакло, дрво, текстил и др.
Испитувањето на здравствената исправност се врши на
тој начин што се одредува миграцијата на токсичните
метали и други органски и неоргански состојци во претходно
приготвените симуланти. Како симуланти се користат :
1. Дестилирана вода или вода со идентичен квалитет
2. 3% р-р на оцетна киселина во вода.
3. 15% р-р на етанол во вода.
4. 40% р-р на етанол во вода.
5. пречистено маслиново или сончогледово масло.
6. 8% р-р на готварска сол во вода
7. симулант за специфични испитувања.
Тестовите се вршат со избирање на време и температура
специфицирани во табела што најмногу одговараат на нормалните
или предвидливите услови за контакт со прехранбените
производи.
Од тешките метали се одредува миграција на : Олово,
кадмиум, хром, молибден, арсен, жива, селен, бариум,
цинк, калај, кобалт, антимон и др. со посебно барање.
За време на истрагите се користи современа апаратура
и тоа: Атомска спекрофотометрија, Инфрацрвена спектрофотометрија,
Течна хроматографија идр.
Во оделението работат тројца и тоа еден специјалист
по санитарна хемија,
еден дипломиран технолог и еден биохемиски техничар.

ОДДЕЛЕНИЕ ЗА РАДИОЕКОЛОГИЈА
Дејност
Дејноста
во одделението се одвива врз основа на Законот за заштита
од јонизирачки зрачења и радијациона сигурност (Сл.весник
на РМбр.48/02).
-
Одделението за радиоекологија го следи степенот
на радиоактивната контаминација на животната и работната
срединасредина во Република Македонија.
-
Се испитува контаминацијата со радиоактивни материи
на: воздухот, атмосферските талози,почвата, географските
води,сточната храна,предметите за општа употреба,
лековите и помошните лековити средства, градежни
материјали и др.
-
Се одредуваат концентрациите на радиоактивните
елементи: гама емитери,
со гама спектрометриска метода и бета емитери со
бета бројач.
Персоналот во одделението го сочинуваат: специјалист
по санитарна хемија, инжинери технолози. хемиски техничар
и анитарен техничар.

ОДДЕЛЕНИЕ ЗА МЕДИЦИНА НА ТРУДОТ
Дејност
-
Здравствени прегледи на лица што работат со извори
на јонизирачко зрачењеи и мислење за нивната работоспособност.
-
Превентивни медицински прегледи на лица кои се
под здравствен надзор согласно Законот за спречување
на заразни болести со цел откривање на клицоносителсто.
-
Едукација на здравствени работници и соработници
во склоп на нивно стручно усовршување.
-
Во одделението работат лекар специјалист по трудова
медицина и еден лаборант.
Опасни
супстанци - ракувај внимателно
Опасни супстанци - ракувај внимателно
Градење
и безбедност - Европска недела 18-22 октомври 2004

КАНЦЕЛАРИЈА НА КОДЕКС АЛИМЕНТАРИУС
Во Секторот за хигиена и заштита на човековата околина
формирана е Национална Кодекс канцеларија како централно
тело за врски со Кодекс Алиментариус комисијата, со
другите земји членки, а во земјата со релевантните министерства,
прехранбената индустрија, потрошувачите, трговците и
заинтересирани организации и поединци. Седиштето е во
Ј.З.О. Републички завод за здравствена заштита, Скопје
како национална контакт канцеларија. Во рамките на своите
активности се преведени општите принципи на македонски
јазик (Вол 1 А и Б)
Информација за Кодекс Алиментариус:
Кодекс Алиментариус или кодексот за храна, претставува
основен глобален референтен центар за потрошувачите,
производителите и конфекционерите на храна, националните
агенции за контрола на храната, и на меѓународната трговија
со храна. Системот на Кодекс Алиментариус претставува
единствена можност за сите земји да и се придружат на
меѓународната заедница во формирањето и хармонизацијата
на стандардите за храна и да се обезбеди нивна глобална
имплементација.
Значајноста на кодексот за храна за заштита на здравјето
на потрошувачите е нагласено во 1985 година од страна
на Резолуцијата на Обединетите Нации бр. 39/248, со
помош на која се прифатени одредени водичи во елаборирањето
и зајакнувањето на практиката за заштита на потрошувачите.
Во водичите се предлага: " Владите треба да ги
земат во предвид потребите на сите потрошувачи за сигурност
на храната и треба да подржат и што е можно побргу да
ги прифатат стандардите на ....Кодекс Алиментариус",
на ФАО и на Светската здравствена организација.
Кодекс Алиментариус е релевантен систем во меѓународната
трговија на храна. Со постојаното зголемување на светскиот
пазар е се поевидентна предноста да се поседуваат универзални
и униформирани стандарди за храна за заштита на потрошувачите.
Заради тоа е создадена меѓународната хармонизација на
стандардите за храна во Спогодбата за примена на санитарните
и фитосанитарните мерки (СПС), како и во Спогодбата
за техничките бариери на трговијата (ТБТ). Како производ
на Уругвајската рунда на преговори за меѓународната
трговијата, СПС Спогодбата ги следи Кодекс стандардите,
водичите и препораките како приоритетни меѓународни
мерки за олеснување на меѓународната трговија со храна.
Заради тоа Кодекс стандардите станаа репер на кого националните
мерки за храна и регулативите, го следат во согласност
со законските параметри на Спогодбите од Уругвајската
рунда. Ова е значајно, особено за Македонија и нејзиното
зачленување во Светската трговска организација (СТО).
Од своето формирање (1961 година), па до денес како
зедничка Програма на ФАО и СЗО за стандарди на храна,
Комисијата на Кодекс Алиментариус има цел да создаде
стандарди, кои во исто време ќе ги заштитат потрошувачите,
ќе обезбедат добра пракса во продажбата на храната и
ќе ја олеснат трговијата. Овој процес вклучува специјалисти
од бројни научни дисциплини кои се поврзани со храната,
заедно со организациите на потрошувачите, индустриите
за производство и транспорт, службите за контрола на
храната и трговците.
Кодекс Алиментариус - стандарди
-
Стандарди за храна за артиклите (237)
-
Кодови за хигиенска и технолошка пракса
(41)
-
Следење на пестициди (186)
-
Гранични вредности за резидуи на пестициди
(3.274)
-
Водич за контаминенти (25)
-
Следење на адитиви во храна (1.005)
-
Следење на ветеринарни лекови (54)
Општите принципи на Кодекс Алиментариус ги одредува
патиштата кои земјите членки може да ги прифатат - Кодекс
стандардите. Формите на прифаќање се различни меѓу земјите
и може да зависи дали се работи за стандарди за производи
или за општи стандарди или опасните гранични вредности
за пестициди или адитиви или за резидуи на ветеринарни
лекови. Генерално, предложените форми може да бидат:
целосно прифатени, прифаќање со мали отстапувања и слободна
дистрибуција.
Додека растечкиот светски интерес за сите Кодекс активности
јасно индицира светско прифаќање на Кодекс филозофојата-целосна
хармонизација, заштита на потрошувачите и олеснување
на светската трговија- во практиката е многу тешко за
многу земји да ги прифатат овие стандарди во облигаторна
смисла. Зголемениот број на земји ги центрираат нивните
национални стандарди за храна или дел од нив (особено
оние кои се блиски на сигурноста) со оние на Кодекс
Алиментариус. Ова особено е присутно кога се работи
за стандарди кои се однесуваат на адитивите, контаминентите,
резидуите, т.е. невидливите опасности.
Националното законодавство од областа на здравствената
безбедност на храната не е сеуште целосно усогласено
со меѓународните стандарди, меѓутоа во процесот на хармонизација
во тек се повеќе значајни активности. Донесен е Законот
за безбедност на храната и на производите и материјалите
што доаѓаат во контакт со храната (Сл.весник
на РМ бр.54/2002) со кој ќе постигнат следните цели:
-
Обезбедување на квалитетна и безбедна храна;
-
Здравствена едукација на вработените во прехраната;
-
Заштита на здравјето на населението и намалување
на бројот на заболувањата причинети од хигиенски
неисправна храна, како и обезбедување на современо
и меѓународно компатибилно производство на храна;
-
Обезбедување на современ модел за ефикасна контрола
на здравствената исправност на прехрамбени производи
со вклучување на Системот за процена на ризикот
на критичните контролни точки (HACCP системот).
Во делот за транспонирање и имплементација на Кодекс
алиментариус стандардите во националната регулатива
извршени се следните активности

МЕЃУНАРОДЕН КОЛАБОРАТИВЕН ЦЕНТАР ЗА ЗДРАВСТВЕНА ЕКОЛОГИЈА
Секторот за хигиена и заштита на човековата околина
со своите капацитети (хумани и материјални) претставува
меѓународен колаборативен центар за здравствена екологија
на Балканското здружение за екологија, со седиште во
Грција.

|