Пронајди пронајди

почеток

Организација и сектори во РЗЗЗ - Скопје

СЕКТОР ЗА ЕПИДЕМИОЛОГИЈА И МИКРОБИОЛОГИЈА

Дејност

Секторот за епидемиологија и микробиологија стручно ја води, ја обединува и координира епидемиолошко-микробиолошката дејност во републиката и укажува стручно-методолошка помош.

Во рамките на својата дејност, Секторот ги врши следните активности:

  • Ги следи и проучува заразните заболувања кои се регистрират во републиката;

  • Изготвува информации, анализи и извештаи за заразните заболувања;

  • Подготвува предлага годишни Програми од областа на заразните заболувања и имунизацијата;

  • Учествува, во соработка со заводите, во проучувањето и спречувањето на појава и ширењето на епидемии од поголеми размери или на опасноста од појава и ширење на заболувања во вонредни состојби, како и карантински и други особено опасни заразни заболувања;

  • Изработува стручно-метолошки упатства од областа на својата дејност;

  • Учествува во подготовката на нацрт-законските прописи.

Програмски активности

Секторот во рамките на својата работа реализира дел од:

  • Програмата за превентивна здравствена заштита (епидемиолошка и микробиолошка дејност),

  • Програмата за спроведување на задолжителна имунизација на населението во Република Македонија против определени заразни болести,

  • Програма за испитување на појавата, раширеноста, спречувањето и сузбивањето на бруцелозата кај луѓето во Република Македонија,

  • Програма за заштита на населението во Република Македонија од СИДА,

и други програмски активности.

Постојана активност

Постојаната (рутинска) активност се остварува преку работата на одделенијата за вирусологија, бактериологија и паразитологија:

  • Микробиолошка дијагностика на заразните заболувања, здравствени прегледи на вработените во прехрана, здравство, просвета и др.;

  • Бактериолошки испитувања на храна, вода, контрола на чистота, стерилнист и др.

Едукативна дејност

Учество на домашни и меѓународни стручни манифестации.

Во секторот се спроведува едукативна дејност на лекари специјализанти од повеќе специјалности (епидемиологија, микробиологија, хигиена, школска медицина, инфектологија, педијатрија), како и дел од задолжителниот лекарски стаж и стаж на средно-медицински кадар.

Златно правило за превенцијата

Организација на секторот и кадар

Секторот својата дејност ја остварува преку 5 одделенија:

Во реализација на активностите на Секторот учествуваат лекари специјалисти епидемиолози, лекари специјалисти по микробиологија, биолог специјалист по микробиологија, фармацеут, лекари и биолог на специјализација, санитарни техничари, лабораториски техничари.

врв на страната


ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ

кликни за поголема сликаАктивностите на одделението се одвиваат преку:

  • следење и проучување на заразните болести во Македонија по пат на прибирање, анализирање и обработка на индивидуални пријави за заразни болести, групни (седмодневни) пријави за грип, како и бројни информации, известувања и други сознанија за движењето на заразните болести во Македонија, кои ги добива од регионалните заводи за здравствена заштита и нивните подрачни единици и други здравствени организации;

  • предлагање, превземање и контрола на мерки за спречување и сузбивање на заразните заболувања;

  • директно учество во теренските епидемиолошки истражувања во републиката и укажување на стручно-методолошка помош;

  • изготвување на:

    - седмодневни извештаи,
    - месечни билтени,
    - тековни информации и извештаи,
    - периодични информации,
    - годишни информации и анализи за движењето на заразните заболувања во Република Македонија

  • следење и контрола на спроведувањето на задолжителната имунизација во републиката (според Календарот за вакцинација), преку редовните извештаи и теренски контроли на опфатот, при што се пружа стручно методолошка помош (укажување на пропустите и предлагање мерки за нивно отстранување);

  • изготвува периодични информации и годишни извештаи за спроведувањето задолжителна имунизација;

  • подготвува и му предлага на Министерството за здравство годишни Програми (за имунизација, бруцелоза и превентивна програма - епидемиолошки и микробиолошки дел);

  • изготвува годишни извештаи за остварување на Програмите, како и годишни извештаи за својата комплетна работа;

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ДВИЖЕЊЕТО НА ГРИПОТ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО 2008 ГОДИНА (заклучно со 25.03.2008)

ЗАРАЗНИ ЗАУШКИ

СЕРИОЗЕН АКУТЕН РЕСПИРАТОРЕН СИНДРОМ (САРС)

ГРИП ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ЗАВОДИ ЗА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА И НИВНИ ПОДРАЧНИ ЕДИНИЦИ ПЕРИОД 22 - 31.ЈАНУАРИ 2007 ГОДИНА

ИНФОРМАЦИЈА ЗА СОСТОЈБАТА СО ГРИПОТ ВО СЕЗОНАТА 2006 - 2007 ГОДИНА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПЕРИОД 22 - 31 ЈАНУАРИ 2007 ГОДИНА И ЕВРОПА ПЕРИОД 15 - 21 ЈАНУАРИ 2007 ГОДИНА

СОСТОЈБАТА СО ГРИП ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 1980 – 2004 ГОДИНА

врв на страната


ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ТРОПСКИ, КАРАНТИНСКИ БОЛЕСТИ И СИДА

Активностите на одделението се состојат во:

  • спроведување на епидемиолошки мерки да се спречи внесување и ширење во Македонија на: колера, чума, хеморагични трески и други болести, предвидени со меѓународни прописи;

  • одржување на резултатите постигнати со ерадикација на маларија, со преземање на епидемиолошки мерки за спречување на внесувањето и ширењето на оваа болест во републиката;

  • спречување на внесување и ширење на тропски и паразитарни заразни болести преку епидемиолошки мерки;

  • спроведување на мерки предвидени со Програмата за заштита на населението во Р. Македонија од СИДА, предвидени во делот на РЗЗЗ и ги координира активностите и мерките преземени против ова заболување во заводите за здравствена заштита и нивните ХЕ служби;

  • изготвување на годишен извештај за состојбата со СИДА во републиката и преземените мерки и активности, предвидени со Програмата за заштита на населението во Р. Македонија од СИДА.

врв на страната


ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ВИРУСОЛОГИЈА

кликни за поголема сликаОдделението за вирусологија е формирано во 1960 година, како единствена лабораторија од таков вид во Македонија до денес, која ќе врши лабораториска дијагноза на заразните заболувања предизвикани од вируси. При вирусолошката и серолошка дијагностика се користат најсовремени методи, со постојано следење на светските достигнувања од оваа област и трендот на воведување нови методи и опрема.

На одделението се работи на дијагностицирање на:

  • заразни жолтици (hepatitis A, B, C)

  • СИДА (ХИВ 1, 2 - по медицинска индикација и анонимно тестирање)

  • Исипни вирусни заболувања (morbilli, varicella, rubeola)

  • Акутни респираторни вирусни заболувања (influenca А и B, parainfluenca 1 и 3, RSV, adenovirusi, mumps virus)

  • Други вирусни заболувања (cytomegalo virus, herpes simplex virus 1 и 2, Epstein-Barr virus, Enterovirusi, Rota virusi и др.)

  • Рикеции (Q-треска)

  • Mycoplasma pneumoniae

  • Лајмска болест.

Методи на дијагностика:

  • ELISA

  • IMMULITE

  • IMUNOFLUORESCENCIJA

  • RVK

  • PCR

кликни за поголема сликаОд неодамна, одделението располага со комплетно опремена лабораторија и кадар за работа со ПЦР-техниката. Со оваа современа метода, се вршат испитувања за докажување на:

  • HIV (SIDA)

  • HBV (hepatit B)

  • HCV (hepatit C)

  • HPV (human papiloma virus)

  • HCV (human corona virus – SARS)

  • CMV (citomegalo virus)

  • Herpes simplex virus

  • Rubeola virus

  • Chlamidia trachomatis и др.

Во план е формирање на современа лабораторија за култура на клетки.

врв на страната


ОДДЕЛЕНИЕ ЗА БАКТЕРИОЛОГИЈА

Врши бактерилошка дијагностика на заразните заболувања, предизвикани од бактерии, укажува стручно-методолошка помош усвојувајќи и препорачувајќи нови методи. Лабораторијата за колера е референтна за ова заболување и е во постојана готовност. учествува при епидемиолошките испитувања,

Одделението за бактериологија се состои од две работни единици:

I. Работна единица:

  • Санитарна бактериологија во која се врши испитување на бактериолошката исправност на прехранбените производи, бактериолошката исправност на безалкохолни пијалоци и антибиотици во храна;

  • Бактериолошка исправност на вода;

  • Бактериолошка исправност на лекови;

  • Стерилност на лекови;

  • Бактериолошка исправност на предмети за општа употреба;

  • Стерилност на воздух и предмети


II. Работна единица:

  • Референтна лабораторија за колера;

  • Лабораториска дијагностика на клинички материјали;

  • Серолошки испитувања RPR и TPHA, Lyme, WIDAS, AST, TULAREMIJA, Leptospiri;

  • Бактериолошка дијагностика на метеријали по медицинска индикација: брисеви, пунктати, урини, фецеси, хемокултури и др.;

Апаратура со која одделението располага одговара на високите стандарди за дијагностика:

  • VITEK SISTEMS

  • CHARM SCIENCES I NC

  • MALTHUS SISTEM FAIVE

  • DILUMACHER - STOMACHER

врв на страната


ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ПАРАЗИТОЛОГИЈА

Одделението за паразитологија е референтна лабораторија во Република Македонија за дијагноза на маларија и паразитарни заразни заболувања, во која испитувањата се вршат според најновите светски сознанија од оваа област.

Одделението располага со со современа апаратура и технологија со што е овозможена брза и точна дијагностика.

Во секојдневната активност на одделението се вршат паразитолошки прегледи на лица кои подлежат на здравствен надзор, согласно законската регулатива (лица кои доаѓаат од земји каде постои епидемиолошки ризик за одредени заразни заболувања, лица кои се враќаат од аџилак, како и вршење на систематски прегледи на лица по епидемиолошки индикации).

Во ова одделение се врши микробиолошка дијагноза на:

I. Инфекции со медицински значајни протозои

- протозои на телесна празнина

1. Entamoeba histolytica
2. Giardia lamblia
3. Trichomonas vaginalis

- крвни и ткивни протозои

1. Toxoplasma gondii
2. Leishmania donovani (кала азар)
3. Plasmodium (маларија)

II. Инфекции со медицински значајни хелминти

- класа Cestodes (тении)

- класа Trematodes (метили)

- класа Vematodes (глисти)

III. Инфекции со Chlamydia trashomatis

IV. Серолошка дијагноза за бруцелоза

V. Паразитолошки преглед на води.

врв на страната


[ Почеток ] [ Дејности ] [ Регионални заводи] [ Организација и сектори] [ Тендери ] [ Контакт ] [ Линкови ]

© РЗЗЗ Скопје 2003