Организација и сектори во РЗЗЗ - Скопје
ОДДЕЛЕНИЕ ЗА РАДИЈАЦИОНА ДОЗИМЕТРИЈА
Персонална Дозиметрија
Регистер на професионално експонирани
лица
Регистер на установи и извори на јонизирачко
зрачење
Радијациона сигурност
ИСО калибрациона лабораторија
Континуирана едукација и Тренинг курсеви
Законска регулатива
Меѓународна соработка
Стручен кадар
Контакт
назад кон секторот


Персонална дозиметрија
Радијационата
заштита и сигурност во користењето на изворите на јонизирачко
зрачење, налага перманентна контрола на лицата кои професионално
се изложени на јонизирачко зрачење и тоа преку:
Екстерната персонална дозиметрија во Одделението за
радијациона дозиметрија се состои од три типа на дозиметрски
методи, кои во зависност од степенот на изложеност на
професионално експонираните лица, се дистрибуираат еднаш
месечно, еднаш на три месеци и по потреба при планирани
озрачувања.
Методите кои се етаблирани и кои врз база на нови
научни сознанија или меѓународни препораки, перманентно
се надоградуваат се:
Термолуминисцентната
дозиметрија се базира на употреба на LiF кој ја има
особината да ја складира енергијата на јонизирачко зрачење
се додека истата не се ослободи во вид на светлина при
загревање на 3000С.
ТЛ дозиметарот се состои од TLD-100 картица со два
елемента од LiF во држач тип 8814 со филтер од ABS (1000
mg/cm2) и филтер од Mylar (17 mg/cm2).
Ваквата конфигурација овозможува детекција на х, бета
и гама зрачење и регистрација на персоналниот дозен
еквивалент Hp(10) , често именуван како "доза во
тело" и персоналниот дозен еквивалент Hp(0.07)
или "кожна доза".
Инструментот кој се користи за загревање на фосфорот
и последователно мерење на емисијата на термолуминисцентната
светлина или ТЛД читач, е Bicron model 4500.
Мерно подрачје: 0.09 mSv до 10 Sv
Фотографска- филм дозиметрија, се базира на
процесот на зацрнување на фото-филмот кога истиот е
изложен на јонизирачко зрачење. Степенот на зацрнување
или густината е во корелација со дозата.
Филм дозиметарот се сотои од фото-филм тип Агфа-Персонал
мониторинг со две емулзии поставен во држач со филтри
од: отворен прозор, 0.05 mm Cu, 0.3 mm Cu, 1.2 mm Cu
и 0.8 mm Pb.
Отчитувањето на оптичката густина, се врши со дензитометар
Macbeth 903.
Type-testing на филм дозиметриската метода (дозиметар
и алгоритам за пресметка), извршен е во ГСФ- GSF-
Institute fur strahlenschutz, Минхен , Германија
Филм-дозиметарот врши детекција на х, бета и гама зрачење
и регистрација на персоналниот дозен еквивалент Hp(10)
и персоналниот дозен еквивалент Hp(0.07)
Мерно подрачје: 0.09 mSv до 5 mSv
Пенкало дозиметарот е јонизациона комора осетлива
за х и гама зрачење со мерно подрачје од 0.1 mSv до
2 mSv
Овој тип на дозиметри се дистрибуираат повремено при
изложеност на зрачење со непознат спектар.

Регистер на професионално експонирани лица
Регистерот на професионално изложените лица на дејство
на јонизирачко зрачење, претставува компјутерска база
на податоци која во електронска форма се води од 1997
и се состои од:
-
карактеристична шифра за секој корисник на персонален
дозиметар
-
назив на институцијата/ одделение каде што е вработен
-
одговорно лице за заштита од зрачење во институцијата/
одделението
-
работно место
-
регистриран персонален дозен еквивалент поединечно
по месеци
-
сумарен годишен персонален дозен еквивалент
Во случај на надминување на максимално дозволените
месечни или годишни дози, веднаш се информира корисникот
на персонален дозиметар, одговорното лице во институцијта
и Државниот здравствен инспекторат при Министерството
за здравство на РМ.


Национален Регистер на установи и извори на јонизирачко
зрачење
Одделението го води Националниот Регистер на установи
и извори на јонизирачки зрачења користејќи го апликативниот
програм RAIS добиен од IAEA
(International Atomic Energy Agency, Vienna)
Изворите на јонизирачко зрачење се класифицирани како
затворени извори, отворени извори, генератори на х-зрачење,
акцелератори и симулатори. за секој извор се внесуваат
податоци за моделот, типот, иницијална активност, активност
на референтна дата, производител, физичко-хемиска форма,
стандардизација и сопственик/ корисник на изворот. Установите
кои се сопственици или ги користат изворите на јонизирачко
зрачење, поделени се во следните категории, согласно
примената:
1. Медицинска примена
- Дијагностичка
радиологија
- Интервентна радиологија
- Стоматологија
- Радиотерапија
со Х,гама и електрони
- Симулација со
Х-зраци
- Нуклеарна медицина
2. Индустриска примена
- Индустриска гама
и икс радиографија
- Индустриска нуклеарна
мерна техника
3. Едукација
4. Разновидна примена
- Громобранска заштита
- Монтажа на детектори
на пожар
- Царинска контрола
на багаж
- Привремено складиште


Радијациона сигурност
Одделението врши редовна контрола над безбедносното
користење на изворите на јонизирачки зрачења во медицината,
индустријата и науката, како и процена на ризик за што
изготвува стручни извештаи до корисниците и до соодветните
инспекциски служби. Контролата на изворите се врши еднаш
годишно за затворени извори на зрачење и два пати годишно
за отворени извори на зрачење. Контролата вклучува и
мерења на амбиенталниот дозен еквивалент на зрачење
на работните места и поблиската околина.


ISO калибрациона лабораторија
Со техничка помош од IAEA,
во фаза на реализација е етаблирањето на Националната
Калибрациона лабораторија и воведување на методи за
калибрација на дозиметри и други уреди за детекција
на јонизирачко зрачење, кои се во употреба во Р. Македонија.
Методологијата ќе се базира на употреба на стандардизирани
полиња и снопови на зрачење со енергии од 0 - 250 kV
за х - зрачење и 662 keV гама-зраци, како и воведување
на ISO стандардизирани
протоколи.


Континуирана едукација и тренинг курсеви
Континуираната едукација и тренинг курсевите на лицата
професионално изложени на јонизирачко зрачење, претставуваат
важен сегмент на безбедното користење на изворите на
зрачење во најразлични области на примена како и хармонизацијата
на праксата во Р. Македонија со БСС на ИАЕА и регулативата
на Европската Унија.
За таа цел, во фаза на подготовка се програмите за
специјализирани курсеви по области на примена и професии.
Во тренинг курсевите организирани во соработка со
ИАЕА, Спречување на нелегална трговија со радиоактивни
материјали, Охрид, јуни -2002 и Радијациона
заштита во индустриска радиографија, Охрид, Ноември
2002 и Радијациона заштита во рентген дијагностика,
Охрид, февруари- 2003 г., вработените од Одделението
беа вклучени со стручна помош и како предавачи на курсевите.


Законска регулатива
Радијационата заштита и сигурност во користењето на
изворите на јонизирачки зрачења во Р. Македонија се
базира на законските прописи донесени од поранешната
СФРЈ, а прифатени од Собранието на Р. Македонија. Основите
на радијационата сигурност се дефинирани во Законот
за заштита од јонизирачки зрачења и радијациона сигурност
(Сл.Весник 48/ 2002), а подетално оваа материја е обработена
во:
-
Правилникот за ставање во промет и употреба на
радиоактивни материи над одредена граница на активност,
рентген апарати и др. апарати кои генерираат јонизирачки
зрачења и заштитните мерки од тие зрачења (Сл.лист
40/86)
-
Правилникот за границите над кои населението и
лицата што работат со извори на јонизирачки зрачења
не смеат да бидат изложени на озрачување и мерењата
на степенот на изложеност на јонизирачките зрачења
на лицата што работат со извори на јонизирачки зрачења
и за проверката на контаминацијата на работната
средина (Сл.лист 31/89)
-
Правилникот за начинот на водење на евиденција
на изворите на јонизирачки зрачења и за озрачувањето
на населението и лицата што при работа се изложени
на дејство на јонизирачки зрачења (Сл.лист 31/89)
-
Правилник за условите за примена на јонизирачки
зрачења во медицината (Сл.лист 31/89)
-
Правилникот за начинот на собирање, испуштање
и конечно сместување на радиоактивни материи во
човековата околина (Сл.лист 40/86)
-
Правилник за техничките нормативи за јонизациони
комори во радиотераписката дозиметрија (Сл.лист
40/86)


Меѓународна соработка
Соработка
со IAEA во реализација на постојни проекти и нови проекти
кои вклучуваат воведување на нови современи методологии.
Вработените во Одделението се вклучени како учесници
во реализацијата на IAEA Модел Проектот за надградба
на радијационата заштита во РМ и Превенција на илегалната
трговија со радиоактивни материјали МАК/0/003.
Одделението во 1998 г., успешно го реализираше проектот
Персонална дозиметрија на професионално изложени
лица, МАК/9/002, финансиран од IAEA.
Во тек е реализацијата на проектот финансиран од IAEA
Етаблирање на националната Калибрациона лабораторија
МАК/1/002.


Стручен кадар
Началник и раководител на IAEA проекти
МАК/9/002 и МАК/1/002:
дипл. инж. Лидија Николовска, спец. по медиц.
нуклеарна физика
Здравствен физичар:
Зденка Стојановска, дипл. инж. по физика


Контакт
Тел.:02/226510; 02/147067
Факс.:02/223354
E-mail: dozimetrija@hotmail.com

|