Пронајди пронајди

почеток


ОСНОВНИ ДЕЈНОСТИ
НА РЕПУБЛИЧКИОТ ЗАВОД ЗА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА - СКОПЈЕ

Основната ДЕЈНОСТ на РЗЗЗ е да се грижи населението на Македонија да пие здрава и квалитетна вода, да се дише незагаден воздух, да конзумира здрава храна, без пестициди.

Задачата на РЗЗЗ е преку организационата поставеност и експертскиот тим кој работи во оваа организација, сите закани на современиот свет и технологијата која е во постојан подем да ги сведе на минимум, односно преку превентивните програми да обезбеди максимална заштита на населението кое сакале ние или не секојдневно е изложено на загадени води, контаминиран воздух, нови и непроверени производи "нехигиенски" средства за лична хигиена, опасен состав на материјали од кои се изработени предметите за лична употреба и многу други "темпирани" бомби...

Секако РЗЗЗ не би бил во можност да го даде својот максимум и успешно да делува во превентивната дејност ако нема сестрана соработка со Регионалните заводи за здравствена заштита, Министерствата за здравство и за екологија, здравствените институции и сите други организации кои на кој било начин се врзани со работата на РЗЗЗ. Тука треба да ги споменеме и производителите и трговците чија соработка со Републичкиот завод и другите здравствени заводи е непоходна за доброто на сите.

врв на страната


Републичкиот завод за здравствена заштита е мултидисциплинарна, научна и наставна установа.

Дејноста на оваа установа е да ја следи состојбата во Македонија од аспект на здравствената превентива и да алармира до надлежните институции секогаш кога, раководниот тим ќе оцени дека за тоа има потреба.

РЗЗЗ дејствува во областа на превентивната медицина преку секторите кои понатаму се разградуваат во одделенија, при што темелно се испитува материјата која предмет на опсервација на Републичкиот завод за здравствена заштита. Тој е поврзан и со регионалните заводи за здарвствена заштита во земјата и секогаш кога за тоа се налага потреба се дејствува во иста насока.

РЗЗЗ делува преку работата на секторите:

врв на страната


[ Почеток ] [ Дејности ] [ Регионални заводи] [ Организација и сектори] [ Тендери ] [ Контакт ] [ Линкови ]

© РЗЗЗ Скопје 2003