Пронајди пронајди

почеток


ЛИЧНА КАРТА НА РЕПУБЛИЧКИОТ ЗАВОД ЗА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА - СКОПЈЕ

Како резултат на активностите на РЗЗЗ за подобрување на водоснабдувањето,
само до 1990 година, 70 отсто од селското население, во своите домови пие хигиенски исправна вода, според Kритериумите на СЗО.
Ерадицирани се маларијата, пегавиот тифус и детската парализа, а бројот на заразни болести е во постојано опаѓање.

Институционализацијата на преветивната дејност на просторот на Македонија почнала во дваесеттите години на минатиот век. Хигиенскиот завод, чија функција била заштита и унапредување на здравјето на луѓето е формиран под покровителство на д-р Андреја Штампар и со учество на Рокфелеровата фондација во Скопје, 1924 год. Оваа медицинска установа од превентивен карактер дејствувала во услови кога главно обележје на националната патологија во тој период биле заразните болести.

Темелите, пак, на современата организација и достигнувањата во превентивната здарвствена заштита во Македонија и на Републичкиот завод за здравствена заштита како врвна специјализирана институција во таа област биле поставени непосредно пред Втората светска војна.

врв на страната

РЗЗЗ одигра голема улога во спроведувањето на континуираната вакцинација, чии темели се воспоставени во 1961 година. Спроведувањето на перманентната вакцинација и програмските активности за подобрување на санитарно-хигиенската и епидемиолошката состојба на населението во Македонија резултираше со ерадикација на маларијата и пегавиот тифус и постојано опаѓање на заразните болести.

Во јуни 2002, Република Македонија, заедно со другите земји од Европскиот регион доби сертификат за ерадикација на детската парализа. Дифтеријата не е регистрирана од 1973, а малите сипаници и неонаталниот тетанус се пред елиминација.

ЈЗО Републички завод за здравствена заштита е важна мултидисциплинарна, научна и наставна установа, која дејствува во областа на превентивната медицина во Република Македонија со тендеција да прерасне во референтна и меѓународно стручно призната институција.

врв на страната

РЗЗЗ во својата организациона структура има:

врв на страната


[ Почеток ] [ Дејности ] [ Регионални заводи] [ Организација и сектори] [ Тендери ] [ Контакт ] [ Линкови ]

© РЗЗЗ Скопје 2003